ФК Сатеска: Бараме фер судење како на домашен, така и на гостински терен!

Реакциите на клубовите од Трета лига – Југозапад во однос на судењето продолжува. Откако Лирија, Кораб, Кравари и Македонија Враништа реагираа на судиските неправди до Спортска Мрежа пристигна соопштение и од Сатеска од Волино.
Во соопштението кое пристигна до Спортска Мрежа, Сатеска бара фер и коректно судење како на домашен така и на гостински терен, исто така, додаваат дека поради судиските неправди голем дел од екипите се спремни да го напуштат натпреварувањето.
„Конечно сите екипи го кренаа гласот кон судиските неправди во Трета лига – Југозапад. Сите се жалат на лошо судење на гостински терен, но ние бараме фер и коректно судење како на гостински така и на домашен терен. Кој е подобар нека победи. За жал, фудбалот во Македонија умира, како што гледаме сите екипи во Трета лига – Југозапад се закануваат со излез од лигата поради лошото судење. Во првите три кола судењето беше фер и коректно каде што сме играле, но бараме фер и коректното судење да продолжи и понатаму. Седум години сме во Трета лига, шест години судењето во гости е катастрофа. Џабе патуваме, џабе играме натпревари во гости, кога знаеме што нè очекува“, се вели во соопштението на Сатеска испратено до Спортска Мрежа.