Куп на МакедонијаФудбал

ФК Победа: Третолигашот Карбинци пример на мал клуб со големи манири, во ФК Победа секогаш ќе имате фудбалски пријател

Прволигашот Победа со убедливи 0:6 го декласираше третолигашот Карбинци и сосема сигурно патува во следната фаза од Купот на Македонија.

По завршувањето на Куп-натпреварот прилепскиот прволигаш излезе со соопштение во кое се вели дека вчерашниот меч ја покажа вистинската големина на третолигашот Карбинци.

„ФК Карбинци пример на мал клуб со големи манири. Денешниот куп натпревар Карбинци-Победа ја покажа онаа другата (не натпреварувачка) убавина на фудбалот. Куп натпреварите отсекогаш важеле како сегмент во кој аутсајдеруте гледаат шанса да се надигруваат и да ги изненадат фаворитите.Често во тој занес имало и непријатности и лоши сцени. За среќа денешниот меч ја покажа вистинската големина на третолигашот Карбинци. Одлична организација на натпреварот, срдечен пречек и однос кон експедицијата на ФК Победа без оглед на резултатот и високиот пораз.Максимално фер и коректна игра кон противникот, посебно што во црвено-белиот тим денес имаше доста младинци од младинскиот тим на Победа кој наредната среда го очекува мечот од Младинската лига на шампиони со Колерајн во Северна Ирска. Браво ФК Карбинци. Секоја чест на гостопримството. Во ФК Победа секогаш ќе имате фудбалски пријател“, стои во соопштението на ФК Победа.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!