ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА

ФК Македонија Враништа реагира откако клубот не доби ваучер за користење на средства од даночно ослободување за 2022 година

Третолигашот Македонија од Враништа денес преку соопштение реагираше откако клубот не доби ваучер за користење на средства од даночно ослободување за 2022 година.

Вчера Агенцијата за млади и спорт ја објави конечната листа на спортски клубови кои добија ваучер, но на листата ја нема екипата од Враништа.

Преку соопштението ФК Македонија вели дека со ваквата непринципиелност кон фудбалот а и кон спорот воопшто, единствено што се придонесува е намалување на квалитетот во спортот, згаснување на клубовите и уништување на спортскиот дух кај младите.

>>> СО КОТВА.МК ДО ПОВЕЌЕ ТУРИСТИ ВО ВАШИТЕ АПАРТМАНИ <<<

Целосното соопштение на ФК Македонија Враништа:

„Почитувани поддржувачи на ФК МАКЕДОНИЈА, почитувани Враништани,

Ве известуваме дека согласно вчерашната објавена ранг листа од страна на Агенцијата за млади и спорт, на ФК МАКЕДОНИЈА не и е доделен ваучер за користење на средства од даночно ослободување за 2022 година иако клубот ги исполнува бараните услови.

Оваа година ФК МАКЕДОНИЈА доби 21 поен на предлог ранг листата од само 3 критериуми, кои што се доволни за доделување на средства од ваучер системот, иако клубот исполнува услови по најмалку 2 дополнителни критериуми како што е младинската школа и медиумска покриеност на клубот.

Незадоволни, предлог ранг листата ја обжаливме до Фудбалската федерација како и до Агенцијата за млади и спорт, во насока на доделување на повеќе поени а со тоа и поголем износ на средства, но истите ја занемарија жалбата во целост а на клубот воопшто не му доделија никакви средства што крајно непринципиелно и неосновано, спротивно на она што и самите го утврдиле во предлог ранг листата. Во услови на пандемија и се помалку можности за финансирање на клубот, Агенцијата за млади и спорт одлучува неосновано да ги скрати и онака скромните средства кои едвај задоволуваат минимални тековни трошоци за неколку месеци.

Впрочем, ваквиот негативен и дискриминирачки однос, започна уште 2021 година кога на клубот му беа доделени само 40.000 денари иако беше подобро пласиран и исполнува повеќе услови од неколку други клубови кои се натпреваруваа во нашиот ранг а добија поголеми средства. И тогаш, Агенцијата ги игнорираше нашите забелешки и барања а оваа година целосно ја заборавила на ФК МАКЕДОНИЈА. Крајно разочарани од ваквиот однос, јавно ги повикуваме Агенција за млади и спорт да дадат објаснување на кој начин ги вреднуваат критериумите односно кои им се мерилата за доделување на средства од ваучер системот зошто очигледно е дека оние кои се законски пропишани, не се применуваат.

Со ваквата непринципиелност кон фудбалот а и кон спорот воопшто, единствено што се придонесува е намалување на квалитетот во спортот, згаснување на клубовите и уништување на спортскиот дух кај младите. За жал, доколку притисокот од негрижата и дискриминацијата во спорот продолжи и истото преку разни манипулации и самоволие е поттикнато и од самите институции, добар дел од клубовите, вклучително и ФК МАКЕДОНИЈА ќе бидат приморани да се откажат од официјалните натпреварувања во првенството а сето тоа на штета на спортот и развојот на млади генерации спортисти.“

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!