ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА

ФК Македонија Враништа: ОФС Битола да ги погледне снимките од натпреварот и доколку нема санкции за судиите се откажуваме од натпреварување!

Се повеќе и повеќе клубови реагираат кон судиите во Трета лига – Југозапад. Откако реагираше Лирија од Грнчари во претходното коло, денес по Кравари реагираше и Македонија Враништа.

Екипата од Враништа загуби од Јанг Тим на гостински терен со 3:2, а по натпреварот клубот излезе со соопштение во кое се изразува голем револт кон судиите.

Од ФК Македонија Враништа ги замолуваат ОФС Битола да ги прегледат снимките од денешниот натпревар и доколку, како што велат нема санкции за судиите ќе се откажат од натпреварување.

„Ги замолуваме ОФС Битола снимките од денешниот натпревар да ги прегледаат и ако после денешново навивање на тројцата судии нема никаква санкција, ФК Македонија се откажува од понатамошно натпреварување во оваа лига. Ова веќе ги премина сите граници“, стои во соопштението на ФК Македонија од Враништа.

Главен судија на мечот беше Јован Анѓелкоски, а негови помошници беа Марио Мојсоски и Климент Ристоски.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!