ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА
ФК Кораб: Главниот судија денес беше делегиран да суди за друга екипа, која однапред е прогласена за шампион!

По Лирија, Кравари и Македонија Враништа и ланскиот второлигаш Кораб вечерва се јави со остра реакција со која реагира кон судиските неправди.
Третолигашот од Дебар до Спортска Мрежа испрати соопштение со кое реагираше дека денешниот судија бил делегиран да суди за друга екипа, која однапред е прогласена за шампион во Третата македонска фудбалска лига – Југозапад.
„Денеска загубивме натпревар во кој главниот судија беше делегиран да суди за друга екипа, која уште пред да започне лигата веќе е прогласена за шампион“, стои во реакцијата на Кораб.
Екипата на Кораб денес загуби на гостувањето кај Демир Хисар со 3:1 во рамки на 4. коло од ТМФЛ – Југозапад.