ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА

ФК Бучин: Скандалозно, некоректно и непрофесионално судење во Неготино, судијата го одолговлекуваше крајот на натпреварот

Петар Најдов во 95. минута погоди и обезбеди триумф (3:2) за Вардар Неготино во дуелот со Бучин во рамки на 10. коло од Трета лига – Југ.

ПРИЈАВИ СЕ НА НАЈГОЛЕМИОТ ГОЛМАНСКИ КАМП НА БАЛКАНОТ – „РБ Охрид 2022“

Веднаш по завршувањето на мечот екипата на Бучин излез со соопштение во кое се жали за судиската арбитража на мечот одигран на Градскиот стадион во Неготино.

  • СООПШТЕНИЕТО НА ФК БУЧИН:

„Скандалозно, некоректно и непрофесионално судење го одбележа денешниот меч помеѓу ФК Вардар Неготино – ФК Бучин. Резултатот и покрај големиот број на контраверзни судски одлуки во текот на играта, на штета на ФК Бучин се до 90+ минута беше 2:2. Судијата упорно го одолговлекуваше крајот на натпреварот и додаде 10+ минута, кога неготинци го постигнаја последниот гол за резултат од 3:2 во нивна корист“, се вели во соопштението на третолигашот Бучин.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!