ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА
Фисник Зука си замина од Шкупи

Македонскиот прволигаш и есенски првак Шкупи и левиот бек Фисник Зука се разделија. Клубот од Чаир информираше дека на барање на фудбалерот е постигнат спогодбен раскин на договорот.
„По завршувањето на првата полусезона од ПМФЛ, со желба и барање на играчот, ја раскинуваме соработката помеѓу нашиот клуб и дефанзивецот Фисник Зука. Клубот го потврдува неговото заминување заблагодарувајќи му се за придонесот во нашиот тим и му посакува здравје и многу успеси во текот на кариерата“, се вели во соопштението на Шкупи.
26-годишникот во својата кариера има настапувано и за Работнички.