Европски ФудбалФудбал

Фиорентина бара странски тренер, Фонсека е првиот избор

Бидејќи Џенао Гатузо не остана во Фиорентина еден месец, тимот од „Артемио Франки“ повторно бара нов тренер.

„Виолетовите“ никако не можат да го пронајдат наследникот на Гатузо. Се водеа преговори со Винченцо Италијано, но тој реши да го продолжи договорот со Специја. Управата на „виола“ е повторно на почетокот, а се чини дека прв пик сега е поранешниот тренер на Рома, Пауло Фонсека.

Првичниот план на првиот човек на Фиорентина, Роко Комис беше да се ангажира домашен тренер по секоја цена. Сепак, се чини дека е направен пресврт и странците сега се прифатливи.

Покрај Фонсека, тој би сакал да ги види Рафа Бенитез, кој преговара со Евертон, на клупата на „виолетовите“, како и Марсел Биелса, кој го предводи Лидс.

Reklama

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!