ФудбалФудбал - Четврта Лига

Финале за Трета лига – Југозапад: Св. Троица ЦГ против Св. Троица 2021

В недела со почеток од 17:00 часот на теренот со вештачка трева во Охрид, ќе се одигра финалниот натпревар за шампион на ОФЛ – Охрид и за влез во Третата македонска фудбалска лига – Југозапад.

Во големото финале ќе се соочат екипите на Свети Троица Црногорци и Света Троица 2021. Предизвикот е голем и за двете екипи бидејќи победникот за првпат ќе игра во Трета лига.

Св. Троица 2021 на пенали ја елиминираше екипата на Слатино, а пак Св. Троица ЦГ со 2:0 триумфираше во полуфиналето над Славеј Мешеишта.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!