ФудбалФудбал - Четврта Лига
Финале за шампион на ОФЛ – Охрид и влез во ТМФЛ – Југозапад: Св. Троица 2021 против Св. Троица ЦГ

Утре со почеток од 17:00 часот се игра големото финале за шампион на Општинската фудбалска лига – Охрид и за влез во Третата македонска фудбалска лига – Југозапад.
Финална битка на Света Троица 2021 и Света Троица Црногорци. Победникот од овој меч ќе биде шампион на ОФЛ – Охрид и директно ќе патува во третолигашкото друштво на Југозападот. Мечот е од голема важност и за двете екипи кои се борат за историско учество во Трета лига.
Св. Троица 2021 на пенали ја елиминираше екипата на Слатино, а пак Св. Троица ЦГ со 2:0 триумфираше во полуфиналето над Славеј од Мешеишта.
Натпреварот се игра на Стадионот со вештачка трева во Охрид.