ОстанатоРакометРакомет - СуперлигаФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГАФудбал - ПРВА ЛИГАФудбал - ТРЕТА ЛИГАФутсал

Филипче најавува: Само вакцинираните ќе може да присуствуваат на спортски натпревари!

Министерот за здравство, Венко Филипче денес даде изјава со која најави мерки кои би можело да придонесат за зголемување на вакцинацијата во Македонија, а овие мерки ќе го опфатат и спортот. Тоа значи дека во новата сезона спортските натпревари ќе може да ги следат само вакцинираните.

„Опаѓа интересот на граѓаните да закажуваат термини за вакцинација, па затоа ние веднаш почнавме да спроведуваме теренска вакцинација. Во светот се појавуваат нови мутации на коронавирусот и потребна е масовна имунизација на населението. Свесни сме дека можеби интересот нема да се зголеми во следните неколку месеци, па затоа размислуваме за воведување некаква форма на рестрикција. На пример, вакцинален сертификат да мора да се приложи на сите настани со масовно присуство на отворено или на затворено. Тоа значи дека невакцинираните лица нема да можат да влезат на некој спортски или културен настан, каде што присуствуваат повеќе луѓе – рече Филипче.

Во моментот во Македонија е дозволено публика само на спортски настани на отворено до 30% од вкупниот капацитет.

Инаку, вакви мерки се предвидуваат и во неколку европски држави.

Поврзани Наслови

Следен Наслов:
Close
Back to top button
error: Текстот е заштитен !!