РакометРакомет - Суперлига

Филип Трајанов останува верен на Радовиш и во следната сезона

Радовиш продолжува со градењето на екипата за следната сезона во Супер лигата, а вчера клубот го назначи и Васил Василев за нов тренер.

Денес, десното крило, Филип Трајанов ја продолжи соработката со радовишкиот клуб и останува и следната сезона во дресот на Радовиш.

Трајанов на оваа оваа позиција игра со Спасе Ѓоргиев кој исто така ја продолжи соработката со Радовиш. Покрај овие двајца играчи, радовишани соработката ја продолжија и со голманот Славјан Паунов, Александар Долдуров, Кристијан Ристов, Ангелче Органџиев и Здравко Постолов.

Поврзани Наслови

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!