Филип Миленковски ново засилување за Пелистер

Битолскиот второлигаш Пелистер денес го претстави Филип Миленковски како најново засилување, а доаѓа од редовите на прволигашот Брегалница од Штип.
Битолчани продолжуваат со прволигашки засилувања за експресно враќање во Првата македонска фудбалска лига. Миленковски во изминатата сезона забележа 24 настапи за Брегалница постигнувајќи еден погодок и една асистенција.
32-годишникот е повратник во Пелистер, а со своето искуство се очекува да биде сериозно засилува, во својата кариера има настапувано и за Струга Трим Љум и Силекс.
Претходно, битолчани се засилија со Благоја Љамчевски од Тиквеш и Илче Петровски од Брегалница, што е потврда дека Пелистер сака експресно враќање во ПМФЛ.
Како што дознава Спортска Мрежа утре ќе бидат претставени нови засилувања.