ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

ФФМ: Зимскиот преоден рок започнува на 15 јануари

Фудбалската Федерација на Македонија ги информираше сите клубови дека од 15 јануари, 2021 година започнува зимскиот преоден рок за фудбалери (мажи/жени) и истиот ќе трае до 11 фeвруари, 2021 година.

Клубовите од Куќата на фудбалот исто така добија информација дека сите сертификати за фудбалери треба да бидат доставени до ФИФА ТМС платформата и да испратат информација до одделот за ТМС на ФФМ најкасно до 14:00 часот на последниот ден од зимскиот преоден рок.

Сите барања кои ќе бидат доставени по 23:59 часот на 11 февруари, 2021 година ќе се сметаат за ненавремени.

Натпреварите во пролетната полусезона во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) продолжуваат на 14 февруари.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!