ФудбалФудбал - Македонска репрезентација

ФФМ од утре ги пушта во продажба билетите за натпреварот Македонија – Словенија

Фудбалската федерација на Македонија преку Mk Tickets, официјалниот партнер за продажба на билети, од сабота, 29. мај започнува со продажба на билети за пријателскиот натпревар на македонската репрезентација против Словенија кој ќе се одигра на 1. јуни на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.

Влезниците чинат 300. денари за јужната трибина и 200 денари за источната трибина од Националната арена „Тодор Проески“.

Капацитетот на Националаната арена е ограничен на 30 %.

Строгите здравствени ограничувања и протоколите на УЕФА за заштита од Ковид-19 се причините поради кои на северната трибина ќе биде дозволено присуство само на лица од двете репрезентации, лица од ВИП секторот и службата за организација на натпреварот.

Фудбалската федерација на Македонија билетите од западната трибина ќе ги распредели за верните навивачи на Македонија од навивачките групи кои покажаа интерес за присуство на натпреварот.

Ги повикуваме сите љубители на фудбалот и поддржувачи на македонската репрезентација да ги почитуваат мерките за заштита од Ковид-19 и да им бидат поддршка на „Рисовите“ за натпреварите од ЕУРО 2020.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!