ЕУРО 2020Фудбал

ФФМ го осуди националистичкиот испад на Арнаутовиќ и побара казна од УЕФА!

Македонија со пораз го отвори Европското првенство, откако со 3:1 загуби од Австрија, а следен предизвик за нашите репрезентативци ќе биде дуелот против Украина.

Во самиот финиш од средбата тензијата порасна, а откако Марко Арнаутовиќ ги постави конечните 3:1 директно го провоцираше Езѓан Алиоски. Иако е непознато што кажа напаѓачот на Австрија, овој потек се смета за националистички, а Арнаутовиќ денес се извини на македонски и албански јазик. Доколку УЕФА утврди дека навистина имало националистички навреди, може да следи жестока санкција.

ФФМ го осуди националистичкиот испад на Арнаутовиќ и побара казна од УЕФА!

Фудбалската федерација на Мaкeдонија најостро го осудува националистичкиот испад на австрискиот репрезентативец Марко Арнаутовиќ, после постигнатиот гол на вчерашниот натпревар со Македонија упатени кон македонскиот репрезентативец Езѓан Алиоски. Истовремено ве информираме дека поднесовме официјален допис до УЕФА во кој бараме најстрога казна за австрискиот репрезентативец Марко Арнаутовиќ.

Како “Куќа на фудбалот” секогаш сме против национализам, дискриминација и сите други форми на навреди и испади кои не се во духот на фудбалот и вредностите за кои сите заедно се залагаме.

Секогаш ќе застанеме и ќе ги браниме интересите и достоинството на македонските репрезентативци каде и да настапуваат.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!