ФудбалФудбал - Македонска репрезентација

ФФМ дел од кампањата на ЕУ и Советот на Европа – Блокирај ја омразата. Сподели љубов

Препознавањето на омразата во нашето општество е првиот чекор за борба против истата како и да нé освести дека дури и најмалите гестови или постапки во нашето секојдневие се важни за да се обезбеди толеранција и почитување и да се дојде до крајната цел, а тоа е мир и помирување во нашето општество. 

Токму ова беше поентирано на заедничката кампања на Европската Унија и Советот на Европа „Блокирај ја омразата. Сподели љубовта!“, која е фокусирана на борбата против говорот на омраза.

На настанот главните пораки на кампањата ги споделија г-ѓа Елизабета Ѓоргиевска, Првата дама на Република С. Македонија, г-дин Фрејк Јанмат, Оперативен раководител за економски развој, владеење на право и јавна администрација од Делегација на ЕУ во Скопје, г-ѓа Весна Бендевска, претседателка на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација и г-дин Филип Поповски, генерален секретар на Фудбалската федерација на Македонија.

Кампањата „Блокирај ја омразата. Споделете ја љубовта!“ има за цел да ја подигне свеста за различните форми на говор на омраза насочена кон одредени заедници и поединци во македонското општество и начините за борба против него. Во текот на следните месеци ова движење за подигање на свеста ќе се прошири „онлајн“ преку веб и каналите на социјалните медиуми, како и преку јавните настани. Кампањата ќе вклучи истакнати јавни личности, важни институции и клучни активисти за човекови права, кои ќе промовираат различност и еднаквост во локалните заедници и во регионот, преку лични раскажувања, сведоштва и размена на позитивни пактики. Фудбалката федерација на Македонија дава континуираната поддршка на нашите партнери со кои ја споделуваме оваа благородна кампања за „толеранција“, „почит“, „разноликост“, „мир“.

Во своето излагање, Филип Поповски, генерален секретар на Фудбалската федерација на Македонија ја нагласи важноста на борбата против говорот на омраза во секое поле на општеството, вклучително и спортот. 

„ФФМ преку својата платформа ја нагласува нашата цврста заложба за славање на инклузивноста и различноста. Нашата игра зближува различни националности и вероисповеди. Тоа значи ширење на пријателство, еднаквост и промовирање на здрав начин на живот и спортска култура. Ги охрабрувам сите млади и повозрасни активно да се вклучат во кампањата и да ја пренесуваат пораката на овој проект за присуство на мирот, пријателството и еднаквоста на спортските терени, како и во секојдневниот живот.“

„Како водечко фудбалско тело во државата постојано и низ промотивни пораки и кампањи, но и со учество на нашите фудалери од репрезентацијата и клубовите во македонската лига праќаме силна порака дека во спортот нема место за расизам, дискриминација и нетолеранција, а нашата федерација има политика на нула толеранција кон таквото однесување“. 

Во своето обраќање, сопругата на претседателот Пендаровски, Елизабета Ѓоргиевска посочи  дека единствениот адекватен одговор на омразата кон различноста е почитување на достоинството на различните со што на дело ја блокираме омразата и ја споделуваме љубовта разбрана како грижа за вроденото достоинство на ранливите. „Верувам дека тоа може да се постигне само со одговорно користење на слободата на говорот. Ниту едно човеково право не е исклучиво, туку е споделено. Правото за едниот е право и за другиот и споделена обврска за сите членови на општеството“, рече г-а Ѓоргиевска.

Фрик Јанмат, Раководител за операции за економски развој, владеење на правото и јавна администрација во Делегацијата на Европската Унија во Скопје, ја истакна неодамнешната иницијатива на Европската комисија „Комуникација до Европскиот парламент и Советот“, за проширување на листата на ЕУ за злосторства од говор на омраза и кривични дела од омраза, и на тој начин овозможуваат ефективен и сеопфатен казнено-правен пристап кон овие појави на ниво на ЕУ, заедно со доследна заштита на жртвите на таквите дела. 

„Како и да е, говорот на омраза и кривични дела од омраза треба да се решат и преку превенција преку препознавање на овие опасни појави. Затоа, и засегнатите страни и граѓаните, младите и возрасните, можат да се соединат во решавањето на овие прашања, почнувајќи од соработка, образование и подигање на свеста, повторно воспоставување дебатна култура која се заснова на меѓусебно почитување и преку размена на аргументи и контра-аргументи, почитување на човечкото достоинство, прифаќање на различностите.“, нагласи Jанмат.

Претседателката на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, Весна Бендевска истакна „Поракта на оваа кампања треба да допре до секој граѓанин, посочувајќи на реалната опасност од говорот на омраза што е се поприсутен меѓу нас во сите сфери на живеењето, особено на социјалните медиуми. Токму затоа оваа кампања е насочена кон говорот на љубов, бидејќи љубовта е чин на одобрување, не дискриминација, прифаќање и толеранција без разлика на раса, етничка, религиска, политичка или сексуална припадност. Не се сите видови дискриминатроски активности предизвикани од говор на омраза, но речиси секој говор на омраза се базира на дискриминација.“

Познати јавни личности од Северна Македонија се јавија за поддршка на оваа кампања како амбасадори за борба против говор на омраза меѓу кои: Луљета Адеми – граѓански активист; Денис Јанкуловски – медицински работник и Европеец на годината 2021 година; Силвана Мучиќ Плевнеш – позната пејачка и дел од популарната група Силви Бенд, Огнен Јанески – ТВ водител и активист за човекови права; Бесфорт Идризи – актер; и младата европска амбасадорка Дона Срдиќ. Тие имаа можност да ги споделат своите пораки за време на почетокот на настанот и го кренаа својот глас за слободно општество без омраза и дискриминација.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!