Фета: Го играме најважниот натпревар, убеден сум во победа против Гостивар

Воска Спорт денес на „Билјанини Извори“ во Охрид ќе ги одмери силите со екипата на Гостивар во рамки на 23. коло од Втората фудбалска лига – Запад.
Еден од поискусните фудбалери на охриѓани Бехар Фета вели дека денес го играат најважниот натпревар и очекува триумф против Гостивар.
“Што се однесува до натпреварот со Гостивар, можам да кажам дека тоа е најважниот натпревар на првенството. Со нетрпение ја очекуваме оваа средба. Имаме респект за екипата на Гостивар, но и ние имаме јасни цели за овој натпревар, мислам дека сме во оптимална форма како тим и мислам дека дојде време да победуваме со убава игра и убедлив резултат. Уверен сум дека ќе дадеме се од себе и се надевам дека резултатот ќе биде во наша корист. Секој друг резултат освен победа за нас ќе биде разочарување”, вели Фета.
Натпреварот ќе стартува во 16:00 часот.