Европски ФудбалФудбал

Фернандо Торес се враќа на голема врата!

Фернандо Торес ќе стане тренер, пренесува „Ас“.

Легендарниот 37-годишен шпански напаѓач треба да го преземе тимот до 19 години на неговиот прв клуб, Атлетико Мадрид.

На почетокот на оваа година, тој стана дел од стручниот штаб на резервниот тим на Атлетико за да дознае повеќе за тренерската позиција, а сега веќе и ќе го преземе тимот до 19 години.

Торес ја заврши професионалната фудбалска во 2019 година по една сезона во Саган Тосу, Јапонија.

Во богата кариера играше за Атлетико, Ливерпул, Челси и Милан.

Тој играше 110 пати за репрезентацијата на Шпанија и постигна 38 погодоци.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!