ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА

„Фенерџијата“ Василево се „разбуди“ и ја среди Тиверија со ПЕТ гола, Детонит и Брегалница сигурни

„Фенерџијата“ Василево се „разбуди“ и на домашен терен со високи 5:2 ја среди Тиверија која влезе во уште поголема резултатска криза. Работите во клубот од Василево се менуваат, а потврдата стигна денес со ова убедлива победа, која воедно е прва за Василево. Митров Димче беше херојот на Василево кој постигна хет-трик. Сепак, првите три бодови не носат промена кај Василево кој и понатаму останува на дното од табелата во Третата лига – Исток.

Детонит од Радовиш со сигурни 0:2 го доби дербито во Чешиново. Радовишани резултатот го отворија во 39. минута од мечот, а стрелец на погодокот беше Спасов. Гостите одиграа фантастично и второ полувреме, а во 50. минута го зголеми водството на 0:2 преку Левков Петар.

Хоризонт Турново во Лозово со 0:3 го преслуша очајниот Работник кој немаше сили ниту за гол. Турновци лесно дојдоа до нова сезонска победа и три бодови.

Лидерот Брегалница од Делчево во Градско Балдовци дојде до нова победа, откако со 0:3 славеше над домаќинот Спартмани и ја оправда фавортиската улога. Гостите од Делчево резултатот го отворија во 30. минута преку пенал, а успешно реализираше Пешовски. Четири минути подоцна Брегалница зголеми на 0:2 преку Александар Илиев кој подоцна погоди и за 0:3.

Малеш на Градскиот стадион во Берово беше изненаден од разиграниот Карбинци и мораше да се задоволи со бод, откако ремизираше играјќи 2:2.

Овче Поле запиша победа во Радовиш над Раклиш во натпревар со седум погодоци. Гостите од Свети Николе се радуваа на нова победа при резултат од 3:4.

Брегалница Делчево е на врвот на табелата со 25 бодови, два помалку има второпласираниот Детонит, додека на третото место е Малеш кој има 22 бодови. На дното од табелата е Василево со 3 бодови.

Reklama

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!