Европски ФудбалФудбал

Фелипе Андерсон се враќа во Лацио, Вест Хем има право на 50 проценти од заработката од следниот трансфер

Бразилскиот левоножен фудбалер Фелипе Андерсон треба да се врати во Лацио, клубот каде играше од 2013 до 2018 година пред да замине во Вест Хем.

Според италијанските медиуми, Андерсон ќе пристигне во римскиот клуб без обештетување, но Вест Хем ќе има право на 50 проценти од неговиот следен трансфер.

Играјќи за Лацио, Андерсон постигна 34 гола и 39 асистенции на 177 натпревари. Со клубот го освои Суперкупот на Италија во 2017 година.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!