Европски ФудбалФудбал

Фабрицио Романо: Горан Пандев и следната сезона ќе игра во дресот на Џенова!

Најдобриот македонски фудбалер Горан Пандев нема да замине во пензија и во следната сезона ќе биде дел од екипата на Џенова која се натпреварува Серија А, ова го тврди познатиот италијански новинар Фабрицио Романо.

Според познатиот новинар, Пандев наскоро и официјално ќе ја продолжи соработката со Џенова за уште една година, односно тој треба да стави потпис на договор кој ќе важи до јули 2022.

Доколку Пандев потпише за Џенова, тогаш тој ќе ја одигра својата седма сезона во дресот на овој италијански клуб. Инаку, Пандев по завршувањето на Европското првенство замина во репрезентативна пензија, а неговиот сон како и сонот на цела македонска нација се оствари со настапот на ЕП. Пандев беше стрелец и на првиот гол на Европските првенства за Македонија.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!