ЕУРО РАКОМЕТРакомет

Ф4 во Лига на шампиони: Барса по десетти, ПСЖ, Алборг или Нант по првпат европски шампион ?

ЕХФ Лигата на шампионите стигна скоро до крајот. После 112 натпревари во групата, 14 натпревари од плеј-офот и осум натпревари од осминафиналето, на последниот танц во Арената „Ланксес“ во Келн стигна дебитантот Алборг, рекордер по бројот на титули во Барселона и два француски клуба – Нант и ПСЖ.

Ждрепката во Виена одлучи Барселона да се соочи со Нант на Кире Лазаров, односно ПСЖ против Албогрг во полуфиналето. Завршиниот турнир се игра на 12/13 јуни.

Интересно е да се спомене дека дури трите клуба од групата на ППД Загреб обезбедија место на ЕХФ Ф4, тоа се Барселона, Алборг и Нант.

Двајца тренери кои годинава ќе бидат во Келн веќе имаат освоено европски титули. Чави Пасквал беше двапати најдобар со Барселона, Раул Гонзалес тоа го стори еднаш со Вардар. Алберто Ентрериос, тренер на Нант, трипати ја има освоено европската титула како играч, а единствен без титула е тренерот на Алборг, Стефан Мадсен.

Единствен македонскит претставеник во Келн ќе биде капитетонт и селектор Кире Лазаров со француски Нант.

Завршниот турнир во Лигата на шампионите во Келн се игра од 2010 година. И досега, никој во историјата не успеа да ја одбрани титулата во арената „Ланксес“. Кил нема да го стори тоа ниту оваа година, бидејќи беше запрен во четвртфиналето од ПСЖ. Во секој случај ќе гледаме интересни и возбудливи натпревари во борбата за европската титула.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!