ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

Езерското дерби ќе го суди искусниот Грујоски, Стојчевски на центарот во Струмица

Делегирани судиите за натпреварите од 8. коло во Втората македонска фудбалска лига. Осмата рунда ќе се одигра в недела, а сите натпревари ќе започнат во 14:00 часот.

Големото езерско дерби кое се игра на „Билјанини Извори“ меѓу Охрид и Караорман ќе го суди искусниот Александар Грујоски, додека пак Игор Стојчевски патува во Струмица каде ќе ја дели правдата меѓу Беласица и Воска Спорт.

  • Делегирани судии 8. коло ВМФЛ:

Пелистер – Слога, Ндерим Тефику (Куманово)
Беласица – Воска Спорт, Игор Стојчевски (Скопје)
Тетекс – Гостивар, Стојанче Трпчевски (Кавадарци)
Вардар – Беса, Доне Ристовски (Гевгелија)
Кожуф Гевгелија – Каменица Саса, Боби Величков (Велес)
Арсими – Локомотива Пехчево, Владимир Ѓорѓиевски (Битола)
Охрид – Караорман, Александар Грујоски (Кичево)
Детонит Плачковица – Борец, Миле Лазов (Неготино)

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!