РакометРакомет - Прва лига

Еве кои екипи од Првата машка лига ќе се надигурваат за првата позиција – бараж за Суперлигата

Ракометната федерација на Македонија за во среда од 12:00 часот ја зажака ждрепката, по што ќе биде познат распоредот за натпреварите од плеј-офот и плеј-аутот за Суперлигата и Првата машка лига.

Голема битка ќе се води во Првата машка лига за првата позиција бидејќи првопласираната екипа ќе игра бараж со второпласираната екипа од плеј-аутот од Суперлигата, што ќе понуди атрактивен ракомет напролет. Скопје 2020, Драчево, Металург РА, Аеродром, Шампион, Јехона, МРК Куманово и Вардар Неготино, ова се осумте екипи кои ќе водат битка за првото место и бараж за Суперлигата.

Атрактивна пролет ќе има и во плеј-аутот од Првата машка лига, бидејќи за следната сезона 2021/22 се очекува формирање и на Втора лига што ќе понуди голема борба за позиција погоре на табелата во плеј-аутот од Првата лига и сигурен опстанок. Овде ќе се натпреваруваат ГРК Борц, Преспа 2015, Делчево Вардар, Текстилец Риниа М, Кичево 2020, Партизан 2016 и Македонија ЃП.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!