ФудбалФудбал - Четврта Лига

Еуромилк ГЛ сериозен кандидат за Трета лига – Север (ФОТО)

Четвртолигашот Еуромилк ГЛ со интензивни подготовки за пролетната полусезона во која ќе води борба за влез во Третата лига – Север. Екипата на Еуромилк ГЛ околу играчкиот кадар е дефинитивно конкурентна, која е спој на искуство и младост што би требало да се покаже како успешна формула за влез во Третата лига – Север.

Чекор по чекор со добра организација, можеби еден ден клубот и ќе се врати на старите патеки кога се натпреваруваше и во Првата македонска фудбалска лига во сезона 2013/2014.

Екипата на Еуромилк ГЛ се засили со Никола Малов од третолигашот Локомотива Скопје, кој треба со своето искуство да помогне во остварувањето на целите на клубот, а се очекуваат уште две до три нови засилувања.

Пролетната полусезона започнува порано од вообичаеното за Четврта лига, односно во недела веќе игра заостанат натпревар, а официјално на 14 февруари стартува пролетната полусезона.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!