РакометРакомет - Останато

Еурофарм Пелистер убедлив против Тримо Требње за прва радост во Европската лига

Екипата на Еурофарм Пелистер дојде до прва радост во Европката лига, откако во „Боро Чурлевски“ со 33:26 убедливо славеше во дуелот со словенечки Тримо Требње.

Најавените промени на тренерот Жељко Бабиќ резултираа со убедлива победа на битолчани и одлично се справија со притисокот за победа. Еурофарм Пелистер одигра фантастично прво полувреме со квалитетна и сигурна игра и на пауза замина со водство од високи 20:14.

Пелистерци одлично стартуваа и во вториот дел од натпревар и на почетокот имаа предност од шест гола, која потоа се зголеми на осум по ефикасното и атрактивно играње на домаќините. Ниту во последните минути од натпреварот немаше промени, Еурофарм Пелистер го чуваше водството и не дозволи во ниту еден момент можност на гостите да се вратат во игра.

Мандалиниќ кој што беше силно мотивиран постигна 11 погодоци и беше најефикасен кај домаќините, додека Кушан постигна 6, а по четири гола имаа Маџовски и Граџан.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!