РакометРакомет - Суперлига

Еурофарм Пелистер стартува Струга, Вардар против младите пелистерци

Денес во просториите на Ракометната федерација на Македонија беше одржана ждрепкаа за плеј-оф и плеј-аут натпреварите за вториот дел од сезоната во Суперлигата на Македонија. Во вториот дел од сезоната ќе бидат одиграни вкупно 14 кола.

Во првото коло актуелниот шампион Вардар ќе се соочи со младите пелистерци, додека Еурофарм Пелистер отвара со Струга, екипата на Металург ќе судри со Пролет, додека Бутел на домашен терен против Охрид.

Покрај плеј-оф натпревари, беше извлечен распоредот и за плеј-аут натпреварите. Работнички на домашен терен отвара со Радовиш, Прилеп го чека Голден Арт КЛ7, Јуниор Кисела Вода го чека Тиквеш, додека Астраион во Струмица ќе се соочи со Младост Богданци.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!