РакометРакомет - Суперлига
Еурофарм Пелистер со висок триумф над Металург

Ракометарите на Еурофарм Пелистер очекувано дојдоа до трите бодови во Автокоманда откако со високи 22:32 беа подобри од Металург.
Битолските ракометари рано дојдоа до водство уште во првите минути од натпреварот, па до крајот на првиот дел од натпреварот металурзите немаа одговор за противникот кој на полувреме имаше 9:20.
Во вториот дел Металург имаше многу промашени зицери, но и направени грешки кои беа пресудни за високиот пораз од 22:32.
Кај Металург најдобар беше Златко Хорват со седум погодоци, додека кај Еурофарм Пелистер Јосип Периќ со седум гола.