РакометРакомет - Суперлига

Еурофарм Пелистер со убедлива победа над Струга, Бутел со голема победа над Охрид

Еурофарм Пелистер со убедлива победа од 28:18 го стартуваше плеј-офот од ракометната Суперлигата на Македонија.

Во натпреварот одигра во „Боро Чурлевски“ во Битола, Еурофарм Пелисте важеше за апсолутен фаворит. Најдобар во редовите на битолчани беше Периќ со осум погодоци, а пет постигна Граџан. Во редовите на Струга најдобар беше Ракочија со седум погодоци, додека Николиќ постигна пет.

Бутел го доби дерби дуелот со Охрид, откако на домаше терен славеше со 26:22.

Непоразените „гладијатори“ го запишаа првиот сезонски пораз, откако во регуларниот дел од Суперлигата имаа 12 победи од исто толку натпревари. Најдобар во редовите на Бутел беше Печенковски со шест гола, а пет постигна левиот бек Младеновски. Кај Охрид најдобра беше Кривокапиќ со шест гола, а по пет постигнаа Блажески и Манасков.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!