РакометРакомет - Суперлига

Еурофарм Пелистер со победа над Охрид (ФОТО)

Еурофарм Пелистер со 21:19 го доби Охрид на контролниот натпревар кој се одигра денес во „Јован Калаузи“ во Битола.

Првиот дел од натпреварот заврши со 11:10, односно еден разлика за Еурофарм Пелистер. „Фармацевтите“ во финишот го скршија отпорот на Охрид и со два разлика го добија противникот кој во регуларниот дел од Суперлигата запиша 12 победи на 12 натпревари.

Чаневски запиша 15 одбрани, додека Трајковски имаше две одбрани, додека голманите на Охрид собраа 14 одбрани, девет за Брауновиќ, а 5 за Даниловски.

Битолчани реализираа три од три седмерци, додека охриѓани реализираа еден седмерец од четири.

Во редовите на Еурофарм Пелистер најдобар стрелец беше Стјепановиќ со пет гола, а по 3 постигнаа Мандалиниќ и Костески. Кај Охрид најпрецизен беше Тот со шест гола, а го следеше Чагаљ со четири погодоци.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!