РакометРакомет - Суперлига

Еурофарм Пелистер со очекуван триумф над Бутел

Еурофарм Пелистер на домашен терен запиша сигурна победа над Бутел со 28:23 од 3. коло од плеј-офот од Суперлигата.

Битолчани стартуваа одлично и имаа водство со пет разлика, но Бутел успеа да ја намали разликата и на полувреме резултатот гласеше 13:11.

Во вториот дел Еурофарм Пелистер повторно тргна одлично и направи одлична серија со која се резултатски се одлепи од скопскиот противникот. Конечниот резултат гласаше 28:23. Стипе Мандалиниќ беше најдобар во редовите на Еурофарм Пелистер со осум гола, додека кај Бутел најдобри со по пет гола беа Јевтиќ и Трифковиќ.

Еурофарм Пелистер има максимални две победи, а во следното коло ќе го игра големото дерби со шампионот Вардар. Бутел го запиша првиот пораз, а во следното коло ќе игра против Струга.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!