РакометРакомет - Суперлига

Еурофарм Пелистер со хумана акција во дербито против Вардар 1961

Утре се игра големото ракометно дерби во Битола меѓу двата конкуренти за шампионската титула Еурофарм Пелистер и Вардар 1961.

Битолчани најавуваат пеколна атмосфера во Спортската сала „Боро Чурлевски“, а „пелистерци“ пред дербито испратија апел до навивачите и побараа од нив на теренот да фрлат плишани играчки наменети за дечињата од ранливите категории.

Во првиот нивен меѓусебен дуел Вардар беше подобар од Еурофарм Пелистер, а утрешното големо ракометно дерби ќе стартува во 18:00 часот.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!