РакометРакомет - Суперлига

Еурофарм Пелистер се засили со Карим Хандави, прво зимско засилување за битолчани

Еурофарм Пелистер официјално го претставува првото засилување во 2021 година. Нов играч на битолчани е репрезентативецот на Египет, Карим Хандави. Најдобриот египетски голман доаѓа во Битола како големо засилување за голманската позиција.

Хандави потпиша договор и официјално ќе биде претставен штом ќе му завршат репрезентативните обрвски на Светското првенство. Хандави има 32 години, долго време е најдобар египетски голман и стандарден репрезентативец, а има и акумулирано искуство од настапи во Европа.

По искуството во Замалек, во шампионатот на Египет, Хандави мина две сезони во првакот на Турција, Бешикташ, а последен клуб за кој настапуваше е романската екипа Доброгеа Суд. Хандави доаѓа како слободен ракометар и ќе биде еден од ретките Африканци и само втор ракометар од Египет кој ќе го носи дресот на Еурофарм Пелистер.

Новиот голман на битолскиот клуб висок е 188 сантиметри и важи за импулсивен голман, со нескриен темперамент. Со египетската репрезентација освои злато на Африканскиот шампионат во 2016 година на домашен терен и во 2020 година во Тунис.

Клубот ќе го претстави во Битола по завршувањето на Светското првенство, кога ракометарот ќе се јави на тренинзите на Жељко Бабиќ.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!