РакометРакомет - Останато

Еурофарм Пелистер новата сезона од СЕХА лигата ја отвара против Металопластика

Во понеделник после бројни одложувања конечно ќе започне новата сезона од регионалната ракометна СЕХА лига, во која Македонија ќе има два претставника, Еурофарм Пелистер и Вардар.

Јубилејното 10-то издание на СЕХА ќе стартува со два натправари во понеделник. Сезоната ќе биде отворена со дерби-пресметката меѓу хрватски Нексе Нашице и српска Војводина која ќе се игра во 17:00 часот.

Во 17:45 часот во салата „Боро Чурвлески“ во Битола, нашиот претставник Еурофарм Пелистер ќе го пречека поранешниот европски првак Металопластика.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!