РакометРакомет - Суперлига

Еурофарм Пелистер лесно стигна до победа над Пролет

Ракометарите на Еурофарм Пелистер очекувано и лесно стигнаа до победа над Пролет со 26:17 во натпревар одигран во Битола.

Домашната екипа одлично го отвори натпреварот и имаше водство четири разлика при 5:1, гостите од Скопје немаа сили да му се спротивстават на силниот противник. Битолчани на полувреме имаа водство од шест, 12:6.

Во вториот дел Еурофарм Пелистер стигна до водство од осум, 16:8, гостинот само на момент успеа да намали на 16:11, a во продолжение од натпреварот домашната екипа рутински стигна до победа.

Во следното коло Еурофарм Пелистер ќе игра дерби со Металург во Автокоманда, додека Пролет оди на дерби со Бутел Скопје.

Кај Еурофарм Пелистер најдобри со по пет гола беа Мандалиниќ и Кушан, додека кај Пролет беше Аларов постигна пет гола.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!