Еурофарм Пелистер 2 со убедлива победа над Прилеп патува во плеј-офот!

Екипата на Еурофарм Пелистер 2 ја остварија својата зацртана цел – пласман во плеј-офот од Суперлгиата, откако на гостински терен со убедливи 16:23 славеше над Прилеп.
Првиот дел од натпреварот помина со тактички надмудрувања и грешки и на двете страни и заврши со минимални 7:9 за битолчани. Во вториот дел Еурофарм Пелистер 2 отвори подобро и направи разлика која им донесе убедлива победа и плеј-оф.
Најдобар кај Прилеп беше Андоноски со пет гола, додека Никола Стоилевски беше најдобар кај битолчани со шест гола.
Младите пелистерци регуларниот дел го завршија третото место во групата Б и сосема заслужено ќе играт во плеј-оф завршницата напролет. Тиквеш и Прилеп завршија зад битолчани и ќе играт во плеј-аутот каде ќе се борат за опстанок во македонската елита.