РакометРакомет - Суперлига
Еурофарм Пелистер 2 со силен отпор одлично парираше, Вардар очекувано до три бодови (ВИДЕО)

Младите ракометари на Еурофарм Пелистер 2 со силен отпор одлично парираа на Вардар, но сепак актуелниот првак со 34:30 очекувано дојде до трите бодови.
Вардарци играа без форсирање, а битолските ракометари во поголем дел од натпреварот парираа, па тоа понуди интересен натпревар за гледање во „Јане Сандански“.
Во редовите на Вардар, искусното десно крило Гоце Георгиевски постигна 11 погодоци со што беше најдобар стрелец на натпреварот, додека кај гостите од Битола најдобар беше десниот бек Павле Петровиќ со постигнати седум погодоци.
Целиот натпревар меѓу Вардар и Еурофарм Пелистер 2: