РакометРакомет - Суперлига

Еурофарм Пелистер 2 преку Стефан Талевски го совлада Охрид

Еурофарм Пелистер 2 на денешниот контролен натпревар против Охрид запиша минимална победа од 22:21.

Охрид во првиот дел од контролката во Битола имаше предност од 2 гола при 8:10, а во вториот дел битолчани преку Стефан Талевски дојдоа до победа над охридскиот суперлигаш.

Кај Еурофарм Пелистер најефикасен беше Стефан Талевски со 6 гола, додека Петровиќ постигна четири. Ивановски имаше шест интервенции додека Бардакоски имаше три. Кај Охрид најефикасен беше Блажевски со пет гола, додека Чагаљ и Костов постигнаа по три гола. Брауновиќ имаше седум одбрани, додека Даниловски дојде до десет интеревенции.

Битолчани реализираа четири од четири седмерци, а Охрид имаше еден пенал кој успешно го реализираше.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!