РакометРакомет - Суперлига

Еурофарм Пелистер 2 до бод со Бутел кој ќе значи плеј-оф промоција

Еурофарм Пелистер 2 одигра уште еден одличен натпревар и дојде до голем бод на домашен терен со екипата на Бутел, откако одигра нерешено 23:23, во претпоследниот натпревар од Суперлигата.

Битолчани отворија одлично и имаа предност од 4:2, но гостите од Скопје веднаш одговорија со одличните Мајиќ и Печенковски и целиот натпревар помина во голема неизвесност. Резултатот на полувреме беше 13:12 за домаќините што понуди атрактивно второ полувреме.

Во вториот дел Бутел поведе и имаше 18:20, но одличниот Талевски го врати Пелистер во игра, а пред крајот на мечот Јовиќ повика тајм-аут. Последните пет минути од натпреварот поминаа со голема неизвесност која на крај заврши со 23:23 и голем бод за младите пелистерци кои ќе значи плеј-оф завршница.

Најдобри кај домаќините беа Кизмановски со пет гола, Јован Талески и Дрогришки со по четири гола, додека кај Бутел очекувано Мајиќ со седум гол и Мојсоски со пет.

Во недела Бутел го пречеува Металург, додека Еурофарм Пелистер 2 ќе гостува кај Прилеп.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!