ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА
Ецкоски ќе им суди на Борец и Вардар, Стојчевски на центарот во Струга

Делегирани судиите за утрешното вонредно 30. коло од Првата лига кое ќе стартува во 13:00 часот.
Марјан Ецкоски од Охрид ќе ја дели правдата на дербито меѓу Борец и Вардар во битката за опстанок, Игор Стојчевски од Скопје ќе им суди на Струга Трим Лум и Шкупи, додека Марјан Гоцевски од Струмица ќе биде главен судија на средбата меѓу Македонија ЃП и Пелистер.
Александар Грујоски од Кичево го доби дуелот меѓу Работнички и Шкендија, Крумислав Ѓоргиев од Штип ќе им суди на Академија Пандев и Ренова во Струмица, а натпреварот меѓу Беласица и Силекс ќе го суди Марјан Младеновски од Скопје.