Европски ФудбалФудбал

Ето оптимист: Меси и Агуеро ? Тие ќе постигнат 60 гола ако се здрави

Поранешниот напаѓач на Манчестер Сити, Серхио Агуеро, следната сезона ќе игра за Барселона, каде партнер во офанзивата ќе биде неговиот сонародник и голем пријател Лионел Меси. Камерунскиот напаѓач Самуел Ето, кој некогаш го носеше дресот на каталонскиот гигант со голем успех, предвидува плодна соработка меѓу двајцата јужноамериканци.

Агуеро доаѓа во Барселона по многу успешна деценија во дресот на „граѓаните“, а Ето е убеден дека ќе придонесе за успехот на тимот на Роналд Куман.

„Меси и Агуеро ќе и донесат на Барса 60 голови во новата сезоната, јас само се молам на Бога да ги спаси од повреди. Не верувам дека Меси ќе си замине – Меси е Барселона. Не знам како би се чувствувал да го видам во друг дрес. Барса е неговиот клуб, неговиот дом, неговата љубов. Лео е Барселона “, рече 40-годишниот Самуел Ето.

Тој го носеше дресот на Барселона од 2004 до 2009 година, а во тој период два пати ја освои Лигата на шампиони. Во својата богата кариера играше и за Реал Мадрид, Леганес, Еспањол, Мајорка, Интер, Анжи, Челси, Евертон, Сампдорија, Анталија, Коња и Катар СЦ. Тој се пензионираше во 2019 година.

Одигра 118 натпревари за репрезентацијата на Камерун и постигна 56 погодоци.

Поврзани Наслови

Следен Наслов:
Close
Back to top button
error: Текстот е заштитен !!