Европски ФудбалФудбал

Еспирито Санто: Кејн е наш играч и точка!

Иднината на Тотенхем во голема мера зависи од тоа дали најдобриот играч Хари Кејн ќе го напушти лондонскиот клуб во тековниот преоден рок, а за тоа зборуваше и новиот менаџер на „петлите“ Нуно Еспирито Санто, кој истакна дека не смета дека капитенот на англиската репрезентација ќе го напушти тимот во кој е од 2009 година.

Кејн во последно време се поврзува со сегашниот шампон Манчестер Сити.

„Хари е наш играч и точка. Нема потреба да зборуваме за ништо друго. Сега е време да ја вратиме енергијата и да се одмориме по Европското првенство, а кога ќе се врати ќе има време да разговараме. Кога тој ќе се врати, ние ќе се фокусираме на напредокот на секој член на нашата група. Ние сме многу амбициозни и сметаме на Хари на нашиот пат“, рече 47-годишниот Нуно Еспирито Санто.

„Мислам дека на навивачите ќе им се допадне нашиот стил на игра. Ние целиме кон високи резултати, и разговараме со управата за тоа како да го подобриме тимот“, изјави поранешниот тренер на Волверхемптон.

Зад „спарси“ стои неуспешна сезона во која тие го завршија натпреварувањето во Премиер лигата на седмата позиција, и се пласираа во финалето во Лига купот.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!