ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

ЕСКЛУЗИВНО: Беласица ќе ангажира странец тренер во борбата за опстанок во Прва лига !?

Беласица вчера загуби од Борец во Велес, а после натпреварот искусниот стратег Ѓоре Јовановски си поднесе оставка и си замина од клубот.

Како што дознава Спортска Мрежа, Струмичкиот прволигаш веќе има интензивни преговори со двајца тренери од соседството, едниот од Србија, другиот од Хрватска. Во следните денови раководството на Беласица ќе треба да донесе одлука кој ќе го замени Јовановски.

Но, едно е сигурно, а тоа е дека кој и да застане на чело на Беласица ќе има тешка задача во борбата за опстанок во македонската елита.

Клубот по одиграни 21. коло во ПМФЛ се наоѓа на последното место на табелата со 12 освоени бодови.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!