ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА

Есенскиот шампион Брегалница од Делчево со картичка за лојалност ќе ја подобрува финансиската состојба!

Третолигашот Брегалница од Делчево кој е есенски шампион во Третата лига – Исток се наоѓа во тешка финансиска состојба пред стартот на пролетната полусезона. Клубот ќе се обиде преку картичка за лојалност да ја подобри финансиската состојба за пролетните предизвици и да ја оствари својата главна цел – враќање во Втора лига – Исток.

Брегалница Делчево преку соопштение ги информираше своите симпатизери и верни навивачи дека картичката е изготвена и истата може да се купи по цена од 1000 денари.

Претходно, на ваков чекор за подобрување на финансиската состојба се реши второлигашот Росоман, како и есенскиот шампион во Трета лига – Југ, Локомотива од Градско.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!