ФудбалФутсал

Есенскиот футсал првак КМФ Проект со интензивни подготовки, клубот атакува на шампионска титула (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Актуелниот есенски првак во Првата футсал лига на Македонија, екипата на КМФ Проект, во понеделникот (11. јануари) ги започна подготовките за пролетната полусезона. Играчите имаа кратка пауза во која практично беа активни и работеа на индивидуални тренинзи, претежно за одржување на физичката подготвеност.

Тренинзите се одвиваат во Валандово, а во рамките на подготовките, покрај клубските активности, предвидени се неколку контролни средби со футсал екипи. Продолжението на прволигашкото првенство е предвидено за половината на февруари.

Амбициите на КМФ Проект остануваат истите – продолжување на успешната резултатска серија од есенскиот дел и остварување на проектираната цел – прво место и освојување на шампионската титула во Првата футсал лига на Македонија.

Reklama

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!