ЕУРО 2020Фудбал

Ериксен се огласи од болница: Добар сум, сега ќе навивам за Данска!

Кристијан Ериксен за прв пат по срцевиот удар кој го преживеа во саботата се огласи на социјалните мрежи. Ѕвездата на Интер во објава на неговиот инстаграм профил напиша дека се чуствува добро, со оглед на околностите и дека ќе навива за Данска на наредните натпревари. Тој, исто така, им порача на неговите соиграчи од репрезентацијата да играат за целата нација.

„Здраво на сите, огромно благодарам за вашите убави и неверојатни пораки од целиот свет. Навитина многу ми значи, мене и на семејството.

Јас сум добар, со оглед на условите. Сè уште треба да минам одредени прегледи во болницата, но се чувствувам добро. Сега ќе навивам за мојата селекција, за Данска во наредните натпревари. Момци, играјте за целата нација“, напиша Ериксен.

На натпреварот меѓу Данска и Финска (0:1) играчот на Интер се сруши на теренот, по што подоцна беше објавено дека фудбалерот имал срцев удар.

Reklama

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!