ЕУРО 2020Фудбал

Ериксен се јавил на селекторот и му рекол дека е подготвен за тренинг!

На натпреварот помеѓу Данска и Финска, целото внимание беше насочено кон најдобриот играч во Данска, Кристијан Ериксен, откако ненадејно колабира и се струполи на теренот.

Селекторот на Данска, Каспер Хамленд, истакна дека Ериксен се чувствува добро и е во стабилна состојба, а ја откри и изненадувачката порака што ја добил од играчот.

„Мислам дека се чувствувате полошо од мене, се чувствувам подготвен да тренирам со момците“, ги пренесе зборовите данскиот селектор на еден од неговите најдобри играчи.

Следен натпревар за Данска е дуелот против Белгија.

Reklama

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!