ЕУРО 2020Фудбал

Ериксен им се обрати на играчите со видео порака од болницата: Еве што им рече!

Кристијан Ериксен им се обрати на своите соиграчи од болницата преку видео порака и ги замоли да го доиграат натпреварот вечерва, објави на Твитер италијанскиот новинар Фабрисио Романо.

Ериксен им порача на своите соиграчи да ја продолжат играта затоа што сега се чувствува подобро.

Потсетуваме дека при резултат 0:0, играчот на Данска Кристијан Ериксен, во финишот на првиот дел од натпреварот, се сруши на теренот во близина на аут линијата. Медицинските служби веднаш влетаа и започнаа да му помагаат на несреќниот Данец на теренот, по што тој беше пренесен во болницата.

Натпреварот беше прекинат, а играчите се повлекоа од стадионот „Паркен“.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!