Европски ФудбалФудбал

Ериксен и Интер го раскинаа договорот

Данскиот фудбалер Кристијан Ериксен и фудбалскиот клуб Интер го раскинаа договорот за соработка. Ериксен доживеа срцев удар на стартот од овогодинешното Европско првенство, а брзата реакција на лекарите му го спаси животот на играчот од средниот ред на миланскиот клуб.

По поставувањето на дефибрилаторот, репрезентативецот на Данска доби дозвола да продолжи да игра фудбал. Сепак, тоа нема да може да го направи во Италија, каде што постои правило кое забранува настапи на играчи кои имаат некакви срцеви проблеми.

Поради тоа, но и поради темелно опоравување, Ериксен се уште нема настап по Европското првенство, а италијанскиот клуб потврди дека е прекината соработката со Кристијан. Договорот беше потпишан до 2024 година.

Во последните неколку недели Ериксен тренира со Одензе, а како потенцијални нови станици во неговата кариера за 29-годишниот фудбалер се споменуваат Англија, Холандија и Данска.

Ериксен својата професионална кариера ја започна во Ајакс, чии бои ги бранеше од 2010 до 2013 година.

Тој беше прекомандуван во Тотенхем за кој играше до лани и замина во Интер.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!